Тетекс тоне ли тоне резултатски

Четири натпревари од кој три порази и еден нерешен – Тетекс тоне ли тоне, а како да нема крај на проблемите во играта односно во реализацијата за гол. Сино-белите загубија на вчерашниот натпревар во Кичево против Велезарими со резултат 2-0. Тимот се наоѓа на самото дно на табелата во Втората лига-Запад од новата натпреварувачка сезона 2018/19. Ни се чини дека секоја година се пее иста песма, гледајќи во предвид дека две години нашата гордост од Тетово се бори за опстанок во ВМФЛ, а не за влез во ПМФЛ каде и му е местото. Тетекс има сосема нов тим од минатата сезона, но ова не е оправдување на лошите серии на резултати, затоа сите ама сите до еден почнувајчи од управа до играчи да си го стваат прстот на чело и да размислат за кој клуб играат кој дрес носат. Преку глава ние веќе секоја година да слушаме ќе биде подобро ќе бидеме во горниот дел на табелата ќе играме за Прва лига.
Доста е! Сакаме резултати! Играјте со срце за Тетекс!