Тетекс ќе се воигрува против ФК Љуботен

ФК Тетекс и ФК Љуботен за денеска договорија пријателски натпревар за време на репрезентативната пауза и ќе ги воигруваат своите тимови. Нашата гордост Тетекс не бележе посакуван старт во Втората македонска фудбалска лига Запад, а пријателските натпревари добро ќе дојдат за подобра гол реализација.
Да напоменеме дека пријателскиот натпревар се игра денеска со почеток во 16:30 на игралиштето на АМС ,,Спортски центар” во Тетово.

Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

ГИ ПОКАНУВАМЕ СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ФУДБАЛОТ ВО ТЕТОВО И ТЕТОВСКО ДА ДОЈДАТ И ДА ГО ПРОСЛЕДНАТ ВЕЧНОТО ГРАДСКО ДЕРБИ ПОМЕЃУ ТЕТЕКС И ЉУБОТЕН