Големо засилување за Тетекс: Ѓурчиновски стана ,,текстилец”

Екипата на ФК Тетекс донесе големо засилување во своите редови и потпиша со Дарко Ѓурчиновски.
24-годишниот фудбалер кој настапува како крило доаѓа од редовите на ФК Скопје и се очекува да биде главен адут во нападот на Тетекс во пролетниот дел од сезоната во тимот воден од тренерот Мирослав Јаковљевиќ – Штела.
Ѓурчиновски во кариерата покрај за ФК Скопје настапуваше и за Кожуф Миравци, како и за Вардар со кого настапи во квалификациите за Лигата на шампионите и Силекс за Лига Европа.
Добиваме навистина квалитетно засилување кој искрено се надеваме ќе ни помогне да стигнеме до нашите цели и амбиции оваа сезона.

ДАРКО, ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС !!!