Антонио Ивановиќ е нов голман на Тетекс

Довчерашниот голман на Македонија Ѓ.П, Антонио Ивановиќ, од денеска и официјално е член на нашата гордост Тетекс. Искусниот чувар на мрежата во текот на ова лето беше во потрага по нов клуб, Тетекс ја искористи шансата и го доведе во своите редови.
Конечно, стручниот штаб ќе може да биде обезбеден со квалитетно решение на таа позиција, откако со повреда се здоби првиот голман Ферат Рамани.

,,Задоволството мое беше огромно кога добив повик од ФК Тетекс, и не се двоумев воопшто за да се придружам на клубот.
Тетекс е клуб со традиција, историја и прекрасни навивачи и ќе дадам се од себе што можам заедно со екипата да го вратиме Тетекс таму каде што му е местото,” – изјави за нашиот сајт А.И.

Ивановиќ во својата кариера бранеше 12 години за Македонија Ѓ.П и за тимот од Хрватска, НК Бјеловар.
Исто така има настапувано за младинските селекции на Македонија до 17 и 19 години.

АНТОНИО, ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС !!!