(Најава) ФК Тетекс – Гоблен

Во сабота нашиот омилен фудбалски клуб Тетекс од 16:30 на фудбалското игралиште на спортскиот центар во Тетово го започнува дуелот од второто коло против новајлијата Гоблен од Куманово.
Последен пат овие две екипи се сретнаа во 2014-та година кога Тетекс на гости славеше со 0-3 во Купот на Македонија.
Во секој случај според играчкиот квалитет и искуството нашиот Тетекс е фаворит на овој меч.
Но за да дојде нашиот тим до посакуваната цел и освојување на трите бода, треба да проработи на реализацијата, бидејќи во претходните два меча со Генч Калемлер и ФК Гостивар постигнавме само два гола.

Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

ЈА ПОВИКУВАМЕ НАШАТА ПУБЛИКА ДА ДОЈДЕ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ И ДА ДАДЕ ПОДДРШКА НА НАШИОТ ТИМ ДА ГО ДОБИЕ ОВОЈ НАТПРЕВАР.
ВОЕДНО, АПЕЛИРАМЕ ДО СИТЕ ОНИЕ КОИ ШТО ЌЕ БИДАТ НА ТРИБИНИТЕ ЗА ФЕР И КОРЕКТНО НАВИВАЊЕ, САМО ТАКА МОЖЕМЕ ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ТЕТЕКС ДА ДОЈДЕ ДО ПОСАКУВАНАТА ЦЕЛ.