Ангеловски во ФК Тетекс !!!

Божидар Ангеловски е најново засилување на Тетекс. 19-годишниот играч од нападот во плаво-белиот дрес доаѓа од ГФК Осогово, а има играно и за ФК Работнички, ФК Вардар и ФК Љубанци. Се работи за талентиран фудбалер кој потекнува од фудбалската школа на Работнички. Со ангажманот на Ангеловски, продолживме со клупската политика за носење млади и перспективни фудбалери кои треба својот неспорен квалитет да го покажат и на зелените терени во предстојната сезона.

,,Пресреќен сум што дојдов во клуб како што е Тетекс, ќе дадам 100% од себе да му помогнам на тимот и да ги израдуваме Војводите,” – вели Ангеловски.

Ова е 9-тото засилување за Тетекс во овој преоден рок, а пред Ангеловски беа донесени следните фудбалери:
Марјан Мицков од Силекс, Антонио Митрев од Балзан (Малта), Роберт Младеновски – Кенан Ватиќ – Филип Крстевски од Локомотива, Јане Иваноски и Стефан Коцев од Македонија Ѓ.П, Башким Љама од Шкендија.

БОЖИДАР, ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС !!!