(Куп) Тетекс – ФК Гостивар

Утре (среда) со почеток во 17 часот на игралиштето на АМС „Спортски центар“ во Тетово, нашиот Тетекс ќе го пречека ФК Гостивар, овој пат во рамките е првиот натпревар од 1/16 од Купот на Македонија. Текстилците според квалитетот на играчкиот кадар се тука на исто рамниште со Гостиварчани, од друга страна пак Тетекс нема преголеми амбиции преку Купот, туку главните амбиции на клубот пред почетокот на новата сезона се јасни, клубот да биде стабилен и изкачување негде кон врвот на табелата во Втората македонска фудбалска лига Запад.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

ЈА ПОВИКУВАМЕ НАШАТА ПУБЛИКА ДА ДОЈДЕ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ И ДА ДАДЕ ПОДДРШКА НА НАШИОТ ТИМ ДА ГО ДОБИЕ ОВОЈ НАТПРЕВАР.
ВОЕДНО, АПЕЛИРАМЕ ДО СИТЕ ОНИЕ КОИ ШТО ЌЕ БИДАТ НА ТРИБИНИТЕ ЗА ФЕР И КОРЕКТНО НАВИВАЊЕ, САМО ТАКА МОЖЕМЕ ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ТЕТЕКС ДА ДОЈДЕ ДО ПОСАКУВАНАТА ЦЕЛ.