Тетекс ремизираше на самиот старт со Генч (1-1)

После интересните и возбудливи 90 минути на Градскиот стадион во Гостивар, Генч Калемлер и Тетекс го одиграа првото коло од новата натпреварувачка сезона нерешено 1-1. Двата тима покажаа желба, Генч во првото полувреме беше подобар, а ние во вториот дел го контролиравме натпреварот и создававме добри шанси за гол кој за жал не ги претворивме во гол и победа. На крајот се чини дека нерешениот резултат е најреален, бидејќи тимот е сосема нов и му треба неколку првенствени кола на воигрување.
Оваа средба мина во знакот на погодоците на Хасан Сунај (Генч) во 10-тата минута и на Салији во 48-та минута кои што успеаја да донесат по еден бод за двете екипи.

1
Рамани
11
Дервиши
14
Здравкоски
21
Мицков
24
Ватиќ
8
Иваноски
7
Салији
23
Коцев
17
Крстевски
9
Љама
10
Азири

Шефот на стручниот штаб Мирослав Јаковљевиќ – Штела ги искористи замените и во игра уште влегоја:
Филип Јовановски и Игор Савевски.

Од друга страна пак, вториот официјален натпревар (куп) оваа сезона ќе го отвориме на домашен терен со ФК Гостивар на 22-ти август со почеток во 17 часот.