Започнува новата сезона, Тетекс со поголеми амбиции од претходната !!!

По повеќе од два месеци без фудбал, утре на 18-ти август, се означува стартот на новата натпреварувачката сезона 2018/19 во Втората македонска фудбалска лига – Запад.
На стартот, во првото коло, нашиот Тетекс утре на Градскиот стадион во Гостивар од 17 часот ќе отвори против новиот второлигаш Генч Калемлер.
Нашата гордост Тетекс оваа сезона влегува во речиси нов состав. Покрај тука стандардните Дервиши, Савевски, Салији и Јовановски, многу се очекува и од “новајлите”.
Останува на дело да видиме како ќе се покажат Текстилците во првиот свој дуел во новата сезона. Дуелот започнува утре на Градскиот стадион во Гостивар со почеток од 17 часот.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

НАПРЕД ТЕТЕКС,
ИГРАЈ ТИ ЗА НАС !!!