Тетекс се засили со репрезентативец на Македонија У-19

ФК Тетекс продолжи да се засилува за претстојната сезона и во своите редови донесе ново име – централниот дефанзивец Антонио Митрев. Се работи за 19-годишен активен репрезентативец на Македонија кој ни доаѓа на еднагодишна позајмница од ФК Балзан, Малта.
Во својата фудбалска кариера има настапувано за првиот и вториот тим на Металург, Црвена Звезда У-19 од Србија, Тарџиен и Балзан од Малта.
Да напоменеме дека новиот фудбалер денес го одработи и првиот тренинг.

Претходно, во тимот пристигнаа Јане Иваноски и Стефан Коцев од Македонија Ѓ.П, Марјан Мицков од Силекс, Башким Љама на позајмница од Шкендија, Филип Крстевски Роберт Младеновски и Кенан Ватиќ од Локомотива.

АНТОНИО, ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС !!!