Вести

Новото првенство го почнуваме против Генч Калемлер, во купот со ФК Гостивар

Денеска во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија, беше извршена ждрепка за новиот шампионат во Втората лига 2018/19 и купот на Македонија. Ждрепката сакаше натпреварите во новата сезона, нашиот Тетекс да ги почне во Гостивар, во дуел против новиот второлигаш Генч Калемлер.
Првото коло во ВМФЛ Запад се игра на 18. август (сабота). Од друга страна пак, вториот официјален натпревар (куп) оваа сезона ќе го отвориме на домашен терен со ФК Гостивар на 22-ти август.
Подоцна ќе биде објавен целиот распоред на натпреварите во есенскиот дел од сезоната, и ќе го објавиме во целост.