Тетекс и понатаму се засилува, Ватиќ нов ,,текстилец”

Екипата на Тетекс сериозно се засилува за новата сезона од второлигашкото натпреварување.
Вкупно осмо ново име во редовите на ФК Тетекс, е и поранешниот фудбалер на Шкупи, Металург, Локомотива од каде доаѓа 24-годишниот Кенан Ватиќ.
Се работи за десен бек кој може исто да игра на левата страна и како централен дефанзивец.

„Среќен сум што дојдов во еден ваков тим, кој е со долга традиција во македонскиот фудбал, веднаш штом добив повик да дојдам прифатив без многу размислување. Ќе дадам се од себе да помогнам да се вратиме во Првата лига, каде што и припаѓа Тетекс Тетово,“ – вели Ватиќ.

Напред Тетекс на Ватиќ му посакуваме здравје и успешни настапи во нашиот тим.

ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС КЕНАН !!!