Двајца нови фудбалери во Тетекс: Иваноски и Младеновски станаа ,,плаво-бели”

ФК Тетекс донесе уште две имиња во своите редови и се засили со Јане Иваноски од Македонија Ѓ.П и Роберт Младеновски од Локомотива. Двете нови засилувања на Тетекс играат во средниот ред поточно како заден и офанзивен везни, Иваноски со неговите 30 години има и прволигашко искуство со тимот на Македонија Ѓ.П, тој потекнува од фудбалскиот погон на Цементарница од друга страна Младеновски има 25 години и играше стандардно за скопска Локомотива во минатата сезона, понатаму има настапувано за Алумина, Љубанци и за првиот тим на Македонија Ѓ.П кој воедно му е и матичен клуб.
Челниците на клубот преговараа со неколку фудбалери и според најавите ќе има уште 2-3 засилувања пред почетокот на новата натпреварувачка сезона 2018/19.

Напред Тетекс на новите фудбалери им посакува многу успешни настапи во нашиот дрес.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ТЕТЕКС !!!