Грозданоски се приклучи во првиот тим на Тетекс

Младиот напаѓач на ФК Тетекс, Божидар Грозданоски јуниор со своите 18 години, го имаше својот прв официјален тренинг денеска со првиот тим.
Играчот ја доби шансата од стручниот штаб под водство на Мирослав Јаковлевиќ да го покаже неговиот талент.
Да напоменеме дека во минатата сезона постигнал дури 11 погодоци за младинците.

„Пресреќен сум што добив шанса од ФК Тетекс. Со нетрпение го чекав овој момент и благодарност најпрво до клубот, а потоа до стручниот штаб. Ќе давам се од себе низ тренинзите да ја оправдам довербата и да добивам шанса во првиот тим. Затоа што тоа е мојот сон, и сон на секој млад играч да игра за својот матичен клуб” – вели Грозданоски.