Тетекс не запира, Марјан Мицков од Силекс нов ,,текстилец”

ФК Тетекс доведе уште едно засилување или вкупно петто во овој летен преоден рок, откако постигна договор со искусниот Марјан Мицков. Искусниот дефанзивец кој во минатата сезона ја носеше капитенската лента во Силекс, во неговата богата фудбалска кариера има настапувано за Вардар, Ренова, Шкендија, Тиквеш и Еуромилк.
Клубот е задоволен што успеа да ангажира искусен фудбалер кој ќе ја засили конкуренцијата во одбранбената линија.

МАРЈАН, ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС!