Најава, Пријателски натпревар

ФК Струга прва контролка за Тетекс во летните подготовки

Амбициозниот тим на ФК Струга е првиот противник на Тетекс на пријателските натпревари на подготовките за новата сезона. Натпреварот ќе се игра во Сабота на 14 јули со почеток во 17 часот, на стадионот „Караорман” во Струга. Стружани минатата сезона завршија како четвртопласиран тим со 13 победи, 6 нерешени средби и 8 порази, освојувајќи на крајот 45 поени.

Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.