Дино, Мики, Брња… Ви благодариме!

Понекогаш доаѓа време кога треба да се сврти нова страница, доаѓа време на промени, а таков „бран“ го зафати и Фудбалскиот клуб Тетекс. Дојде времето на некои други да го покажат својот потенцијал и квалитет во нашиот ростер, кои ќе донесат нови ветришта, ќе го поведат „плаво-белиот“ клуб кон нови успеси, кон нови победи и успеси…

Затоа, им се заблагодаруваме на сите оние кои што беа дел од Тетекс во изминатата сезона, а кои во иднина нема да бидат во нашиот клуб.
Им кажуваме едно големо БЛАГОДАРАМ на досегашниот капитен Марјан Билбилоски, Блашко Николовски, Дино Најдоски, Мирослав Јованоски, Тони Брњарчевски, Иво Јанакиевски, Фатон Реџепи, Енсар Бафтијари, Борјан Панчевски, Хузри Џемаили, Аљбион Ибраими, Ваљмир Јонузи и Брилант Сулај за сето она што го сторија за нашиот тим – клуб и навивачи.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ!!!