Физиотерапевтот Петровски останува верен на ФК Тетекс

Фудбалерите ги гледаме како се борат на терен, за секоја топка, а во секој дуел влегуваат бескомпромисно. Играчите се главните на секој натпревар, заедно со стручниот штаб кој има задача да подготви стратегија со која ќе може да се разбие, да се победи противникот.
И додека овие се најекспонирани, и секогаш во преден план, во секој колектив постојат и тн. „позадинци”. Луѓе без кои тешко може се да функционира беспрекорно, кои имаат подеднакво голем придонес во секој успех, индивидуален или колективен.
Тоа се физиотерапевтите – луѓето кои доаѓаат први, и си заминуваат последни. Низ нивните раце минуваат сите, и понекогаш тие се главните кога треба да се состави екипата. Од нивната стручност и способност зависи дали тренерот ќе може да смета на сите, дали оние што се жалат на повреда можат брзо да се вратат во процесот на тренирање.

23-годишниот Синиша Петровски е дел од медицинскиот тим на Тетекс од 2016 година, во овој летен преоден рок Петровски имаше понуда да премине во ФК Шкендија, но тој без размислување не ја прифати таа понуда и му остана верен на Тетекс!