Трансфер

Тетекс го осигура и четвртото засилување, Стефан Коцев од Македонија Ѓ.П

Стефан Коцев од Македонија Ѓ.П е четвртото летно засилување за Тетекс. 21-годишниот кој игра на позиција заден везен, минатата сезона една полусезона играше во ФК Локомотива потоа премина во вториот дел од сезоната во Македонија Ѓ.П.
Овој фудбалер потекнува од школата на најголемиот клуб во Македонија – Вардар.
Тетекс нема да го затвори трансфер-пазарот со Коцев, туку во наредниот период ќе носи уште засилувања. Претходно, во тимот пристигнаа Башким Љама на позајмница од Шкендија, Филип Крстевски од Локомотива и Никола Ѓорѓиевски од австриски FAV AC.

На Коцев му посакуваме здравје и успешни настапи во нашиот тим.

ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС СТЕФАН!