Кам-бек на Филип Крстевски во Тетекс!

Старо-ново име во нашиот тим е крилниот напаѓач Филип Крстевски. По една сезона помината во редовите на ФК Локомотива, миленикот на ,,Војводите” повторно се врати и ќе го облече дресот на Тетекс. Се работи за 20-годишен перспективен талент кој игра во нападот поточно како крилен напаѓач, и потекнува од фудбалската школа на Цементарница. Во неговата кариера има настапувано и за тимот на ФК Борец пред да премине во Локомотива. За овој млад фудбалер има многу пофални зборој и му преостанува светла иднина доколку продолжи да работи на себе нема да има препреки да стане добар фудбалер. Да напоменеме дека Крстевски тренира веќе од првиот ден од подготовките за новата сезона со првиот тим.

ДОБРЕДОЈДЕ НАЗАД ЏИВЏИ!