Подготовки

Тетекс ги започна подготовките за новата сезона

Фудбалерите на Тетекс денеска го одработија првиот тренинг од 17 часот на стадионот во Брвеница, со тоа и официјално започнаа подготовките за пролетниот дел од новата сезона 2018/19 во Втората македонска фудбалска лига – Запад.
Пред почетокот на подготовките, стручниот штаб и раководството на нашата гордост Тетекс им посака на фудбалерите добри подготовки, многу среќа и успех во овој подготвителен период, како и во натпреварите низ пролетниот дел од сезоната. Според планот на подготовките, фудбалерите ќе работат Тетово односно во Брвеница и најпрво една недела ќе започнат со физички припреми а потоа и со неколку пријателски натпревари со цел активирање на формата и воигрување на тимот за екипата да биде подготвена и на тактичко – технички план.
Во овој момент има договорено три контролни натпревари против Вардар-младинци (17.07), ГФК Тиквеш (21.07), Силекс (24.07).
За сите следни чекори на ФК Тетекс ќе бидете благовремено известени.