Најава, Подготовки

Тетекс во среда стартува со летните подготовки

Денеска во 13 часот, на стариот стадион во Тетово, започна првиот состанок на фудбалерите на ФК Тетекс. Стручниот штаб, најпрво на фудбалерите им посака успешна сезона, без повреди, со добри резултати, и им го кажа планот за работа.
На денешниот прв состанок се појави и новото засилување Башким Љама од ФК Шкендија и дел кој беа дел од оние кои настапуваа минатата сезона, неколкумина од младинските категории, а деновиве се очекуваат и уште неколку фудбалери да се приклучат на екипата.
Првиот тренинг е закажан за среда во 17 часот на стадионот во општина Брвеница, со кој шефот на стручниот штаб Мирослав Јаковљевиќ – Штела ќе означи старт на летните подготовки за следната сезона 2018/19.
Повеќе информации очекувајте наскоро!!!