Башким Љама на позајмница во Тетекс!

Башким Љама наскоро ќе го облече „плаво-белиот“ дрес на Тетекс. Овој 21-годишен шпиц кој потекнува од фудбалскиот погон на Тетекс, се договори со раководството на нашиот клуб за соработка во следната година. Љама е второто засилување на Тетекс за новата сезона, тој ни доаѓа на позајмница од ФК Шкендија. Во неговата кариера има настапувано и за Македонија Ѓ.П, Влазрими и ФК Гостивар.

,,Чест ми е и задоволство што ќе играм во дресот на Тетекс. Во следниот период ќе дадам се од себе прво да се наметнам и да ја оправдам довербата, а потоа да атакуваме чекор по чекор до врвот. Малкумина знаат дека јас потекнувам од овој клуб, и ми е многу драго што повторно се враќам во клубот во кој настапував како дете. Прво треба да се изгради екипата, да се воигра добро, а потоа сите заедно да дадеме се од себе да донесеме успех за клубот и радост на навивачите кој воедно ги поздравувам и се надевам дека ќе бидат секогаш нашиот 12-играч“, изјави за Напред Тетекс, Башким Љама.

Ние му посакуваме многу голови на Башким Љама во „плаво-белиот“ дрес.

ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС БАШКИМ!