Најава, Подготовки

Тетекс завршува со „распустот“, главните подготовки во Тетово

Во понеделник на 02.07.2018 од 13:00 часот фудбалерите на Тетекс ќе го имаат првиот собир на стариот стадион во Тетово, со што и официјално ќе ги започнаат подготовките за новата сезона во ВМФЛ Запад. Финансиските проблеми кој го мачеа нашиот клуб се минато, а минатата сезона успеавме да се пласираме на 6-тото место кој ни обезбеди опстанок, и продолжуваме да одиме чекор по чекор напред.
Целта на Тетекс во оваа нова натпреваручка сезона е сосема јасна, а тоа е обид за влез и враќање во ПМФЛ.
Главните подготовки фудбалерите ќе ги започнат во Тетово, потоа продолжуваат на припреми во Охрид или евентуално во Албанија.
Првото засилување на Тетекс беше објавено на нашата веб страница пред неколку дена, се работи за 22-годишниот лев бек Никола Ѓорѓиевски кој пристигна од австрискиот клуб FAV AC.
Клубот најавува дека во овој преоден рок ќе се засили со неколку квалитетни фудбалери кои што заедно со оние кои што останаа ќе ги бранат боите на Тетекс.
Нашиот Тетекс ќе одигра и неколку пријателски натпревари, имињата на противниците ќе бидат наскоро објавени.
Како што информираат од ФФМ, натпреварите во Втората лига стартуваат на 18-ти август, а дополнително ќе биде определен датумот за извлекување на двојките. Нови клубови во сезоната 2018/19 ќе бидат Генч Калемлер од Гостивар, Гоблен јуниор од Куманово како и Кораб од Дебар.
За сите следни чекори на ФК Тетекс ќе бидете благовремено известени.

НАПРЕД ТЕТЕКС!!!