Трансфер

Тетекс го договори првото засилување: Левиот бек Ѓорѓиевски од австриски FAV AC

ФК Тетекс го договори првото засилување за новата сезона, левиот бек Никола Ѓорѓиевски кој доаѓа од австрискиот четвртолигаш FAV AC од Виена.
Како што дознаваме, договорени се сите детали за ангажман на 22-годишниот Ѓорѓиевски кој ќе го носи дресот на Тетекс во новата сезона.
Претходно во својата кариера има настапувано за ФК Скопје, Еуромилк ГЛ, Металург (матичен клуб), како и за косовскиот прволигаш Љапи.
Напред Тетекс му посакува среќа на Ѓорѓиевски во „тетексовиот“ дрес, со многу успешни настапи.

ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТЕТЕКС НИКОЛА!