Тетекс триумфираше против Љуботен (5-1)

Како што најавивме вчера во нашата најава денеска се одигра финалето помеѓу ФК Тетекс и Љуботен на ОФС Тетово или поточно предквалификација за Купот на Македонија. После три години Тетекс се врати во својот храм на Градскиот стадион во Тетово, и убедливо триумфираше против ФК Љуботен 5-1.
Резултатот први го отворија ,,Љуботенци” со голот на Дејан Геровски од слободен удар во 20-тата минута од натпреварот. Тетекс возврати и го израмни резултатот на 1-1 а стрелец на погодокот беше Меритон Салији во 35-тата кој го заокружи резултатот на првото полувреме.
Во вториот дел, Тетекс го сврте резултатот на 2-1 во 50-тата со прекрасниот гол на Салији кој по втор пат се запиша во листата на стрелците.
3-1 за Тетекс со автогол на Љуботен, шест минути подоцна во 60-тата Тетекс го зголеми резултатот на 4-1 со голот на Игор Савевски од белата точка. Конечните 5-1 за Тетекс ги постигна Салији кој по трет пат ја затресе мрежата на Љуботен.