Вести, Најава

Тетекс се враќа дома на ,,Градски стадион”

По цели три години нашата гордост Тетекс повторно ќе биде домаќин на Градскиот стадион во Тетово.
Последен пат Тетекс како домаќин на Градскиот стадион играше на 01.03.2015 година во првото пролетно коло од македонскиот фудбалски шампионат и тоа против лутиот ривал – Шкендија.
Минатата „управа” едноставно не „шеташе” каде ќе стигнат, од Ѓорче Петров, преку Борис Трајковски, па се до игралиштето на АМС ,,Спортски центар” во Тетово.

,,Текстилците” утре како домаќини од куп финалето на ОФС Тетово од 16 часот и 30 минути го играат натпреварот против најстариот македонски клуб Љуботен, и со тоа официјално се враќаат во домот свој кој е изграден од работниците на комбинатот Тетекс.
Ова секако дека е голем момент пред се за нас навивачите како и за самите фудбалери и за клубот кој во моментов е второлигаш но се надеваме на повторно враќање на старите патеки во ПМФЛ.

Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.

ЗАТОА ПОВИК ДО СИТЕ ВОЈВОДИ, ТЕТОВЧАНИ, МАКЕДОНЦИ И ЉУБИТЕЛИ НА ФУДБАЛОТ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ЈА БОДРИМЕ НАШАТА СВЕТОСТ ТЕТЕКС ДО НОВА ПОБЕДА.