Ретро: Шкендија на колена ,,Војводи” славеа, Тетекс вторпат победник во купот

Фудбалерите на Тетекс го освоија Купот на Макеоднија во 2013 пред точно 5 години по втор пат во својата клубска историја. Да напоменеме дека во повтореното финале одиграно пред празни трибини на националната арена „Филип Втори“ по 90 минути натпреварот заврши без победник (1-1), а мрежите не беа повторно затресени ни по 120 минути игра. Така да нашиот тим на пенали ја совладаа Шкендија (7-6).

Резултатот беше отворен во 15-та минута, кога напаѓачот Музафер Ејупи ја донесе Шкендија во водство. Сепак, текот на мечот се смени само неколку минути подоцна, откако голманот на противникот Хадис Велии заработи директен црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот.
Резултатот беше израмнет во 69-та минута, кога Дарко Мицевски постигна прекрасен погодок за Тетекс. До крајот на мечот немаше погодок. Во пенал рулетот, херој беше голманот на ,,Текстилците” Ванче Манчевски, кој одбрани два пенали и беше најзаслужен за освојување на трофејот.
Со оваа победа Тетекс обезбеди и пласман во квалификациите од Лигата на Европа.