Последен натпревар за Тетекс сезонава, остануваме во ВМФЛ!!!

Екипата на Тетекс се избори за опстанок во Втората лига Запад и наредната сезона, целта е постигната, нашиот тим го обезбеди шестото место. Пред да продолжиме сакаме јавно да се заблагодариме на сите фудбалери на Тетекс кој ,,лавовски” оваа сезона се бореа до заден здив за нашата гордост Тетекс, фала ви момци!
Понатаму, комплетната наша подршка (а се надевам и од целиот град) ќе биде за човекот, кој несебично го помагаше Тетекс веќе подолг период, заедно со уште неколку луѓе кој го сакаат нашиот клуб.

Нашата гордост во Сабота го игра последниот натпревар за оваа сезона. ФК Тетекс со почеток во 16:30 на игралиштето на АМС „Спортски центар“ во Тетово ја пречекува ФК Велазерими 77.
Последен пат овие два тима се сретнаа на 31-март, Тетекс на домашен терен победи убедливо со резултат 3-0. Интересно е тоа што фудбалскиот тим на Велазерими се бори со ФК Гостивар за бараж место за влез во ПМФЛ.
Затоа последен повик за оваа сезона до сите Војводи, Тетовчани, Македонци во што е можно поголем број сите заедно да ја бодриме нашата гордост Тетекс до нова победа. Воедно апелираме за фер и коректно навивање.

Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.