(Најава) Македонија Ѓ.П – ФК Тетекс

Фудбалерите на ФК Тетекс осоколени од триумфот над Влазрими (3-0) во саботата очекуваат ново изненадување овој пат на гостински терен во сабота од 16 часот против Македонија Ѓ.П.
Според табелата фаворитската улога им припаѓа на ,,лавовите” но оваа година сите видовме дека во ВМФЛ – Запад секој може секого да победи, па со право очекуваме борбена игра на нашите фудбалери и надеж на продолжување на добрите резултати во пролетниот дел.
Да напоменеме дека во тимот на Македонија Ѓ.П играат дури девет бивши фудбалери на Тетекс: Стојан Димовски, Трајче Стојковски, Мартин Блажевски, Боби Божиновски, Филип Петров, Филип Колеќески, Иван Настевски, Мартин и Симеон Христов.

,,Пред се имам голем респект спрема ФК Тетекс и навивавачката група ,,Војводи”, во овој клуб ги поминав можеби најубавите моменти во мојата фудбалска кариера кога го освоивме купот на Македонија во 2013-та година против градскиот ривал Шкендија. Искрено многу емоции ме врзуваат за овој клуб, ние фудбалерите секогаш треба да бидеме професионалци во својата работа па така да емоциите ќе мора да ги зачувам во себе. Но сега како играч на Македонија Ѓ.П и нашите амбиции за влез во ПМФЛ мораме да давеме 100% на сите натпревари и да освојуваме бодови без разлика против кого и каде играме. Тетекс има добра екипа и резултатски во вториот дел од првенството бележи изненадувачки напредок, и мислам дека ќе избори со сигурност опстанок оваа година, затоа што го заслужува тоа. Залошно е Тетово да го нема Тетекс во Првата лига, но се надевам дека еден ден пак ќе се врати во најсилната конкуренција“.
– изјави за нашиот сајт, бившиот фудбалер на Тетекс, Мартин Блажевски.

Војводите како и минатата сабота што заминаа да го бодрат својот миленик, така и овојпат најавуваат безрезервна подршка на својот тим и се надеваат дека Тетекс со нови три бода на своето конто.