Интервју

Тетекс ми е во срцето, секогаш давав се за него!!

По повод натпреварот од 19-тото коло во Втората македонска фудбалска лига – Запад кој треба да се одигра оваа Сабота на гостински терен во Ѓорче Петров помеѓу тимовите на Тетекс и Македонија, за нашата веб страница даде изјава бившиот играч, Боби Божиновски.
Во продолжение можете да ја прочитате неговата изјавата…

,,Секако дека не ми е сеедно да играм против Тетекс, поминав 4-5 прекрасни години во Тетово, исполнети со многу убави моменти со освојување на купот на Македонија. Тетекс и Војводи засекогаш ќе бидат дел од мене!!
За натпреварот во Сабота мислам дека ќе биде интересен меч, бидејќи бодовите им се важни на двете екипи. Би сакал и двете екипи да земат трите бода ама во моментов јас играм за Македонија Ѓорче Петров и сум професионалец и треба да ги тргнам емоциите на страна, нека победи подобриот”.
– изјави за Напред Тетекс бившиот капитен, Боби Божиновски.