Тетекс го изненади Влазрими (3-0)

Нашата гордост Тетекс во саботата одигра одличен натпревар и со убедливи 3-0 успеа да го симне Влазрими од лидерското место во Втората македонска фудбалска лига – Запад и да освои големи и важни три бода во борбата за опстанок и искачување кон средината на табелата. Вчера присутните на игралиштето на АМС ,,Спортски центар” во Тетово можеја да проследат одличен брз и динамичен натпревар со многу шанси и борба за топка повеќе на теренот. Нашите миленици рано го отворија резултатот мразот се скрши уште од 15-тата минута со евро(гол) на Иво Јанакиевски за водство на Тетекс што ги ,,разгори” гостите од Кичево да нападнат кон голот на Тетекс но нашата трупа со одлична тактичка поставеност успеа да не им остави простор за игра Влазрими сепак проба да направи нешто плус но сепак чуварот на мрежата Ферат Рамани беше на вистинско место во вистинско време и со одлични интервенции успеа да ја сочува мрежата Тетекс на полувреме замина со минимални 1-0 што не ја оставија публиката мирна затоа што Влазрими пробуваше да го најде патот до голот на Тетекс но одбраната на Тетекс вчера одигра на ниво на задачата. Кон финишот на натпреварот љубителите на фудбалот можеја да видат уште два евро погодока најпрво на Ваљмир Јонузи на десет минута пред крајот за 2-0 и само две минути подоцна најубавиот момент на натпреварот и ремек делото на Енис Дервиши левиот бек на Тетекс на запечатување на трите бода и конечните ФК Тетекс – ФК Влазрими 3:0.

1
Рамани
11
Дервиши
5
Савевски
8
Билбилоски
6
Николовски
14
Јанакиевски
23
М. Јованоски
19
Ф. Јовановски
9
Јонузи
17
Ш. Реџепи
24
Сулај

Шефот на стручниот штаб Мирослав Јаковљевиќ – Штела ги искористи сите три измени и во игра уште влегоја Меритон Салији, Емир Азири и Никола Петровски.

Во следното коло гостуваме во скопската населба Ѓорче Петров, каде не чека тимот на Македонија Ѓ.П.