Најава: ФК Тетекс – Велазерими

Одложеното 18-то коло од Втората македонска фудбалска лига – Запад ќе се одигра престојниот викенд 31.03.2018 (сабота). ФК Тетекс со почеток во 15 часот на игралиштето на АМС „Спортски центар“ во Тетово ја пречекува ФК Велазерими. Последен пат овие два тима играа во 2017-та година кога на гостински терен изгубивме со резултат 3-1. Интересно е тоа што фудбалскиот тим на Велазерими се наоѓа на првото место, од друга страна нашиот тим кој се наоѓа моментално на седмата позиција. После тешкиот пораз во првенството од Македонија Ѓ.П (5-1), овој натпревар ќе биде од големо значење за нашиот клуб бидејќи со позитивен резултат ќе се врати самодовербата во тимот на највисоко ниво. Во тимот владее одлична атмосфера и најавуваат дека ќе го “вложат” својот максимум, така што очекуваме вистинска борба и достојно бранење на клубските бои како и на секој натпревар.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс директно ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување на натпреварот ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.