ФФМ го одложи колото за следна сабота

Снегот кој ја зафати Македонија направи голем проблем во фудбалот, а имуни не останаа и второлигашите. Нашиот Тетекс требаше на домашен терен да ја пречека екипата на ФК Велазерими, но поради неповолни временски услови Комисијата за натпревари на Фудбалска федерација на Македонија одлучи да се направи измена во календарот за натпревари во ВМФЛ Исток и Запад според следниов редослед:

  • 18 коло – 31.03.2018 во 15 часот
  • 19 коло – 07.04.2018 во 16 часот
  • 20 коло – 14.04.2018 во 16 часот
  • 21 коло – 17.04.2018 во 16 часот