Најава

ГФК Тиквеш ќе биде противник на тетексовите генерации во 17-тото коло

Претстојниов викенд активно ќе биде 17 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за наште генерации ќе биде екипата на Тиквеш од Кавадарци. Пионерските екипи во сабота на гостински терен, додека младинците во недела на домашен терен.

Помладите пионери се очекува да ја продолжат серијата на победи и два бода заостануваат до првото место на табелата. Избраниците на Зоран Стерјоски – Шоре се во потрага по 14 победа во лигата, а Тиквеш не би требало да претставува проблем за нашите надежи да освојат нови три бодови. На првиот дуел одигран во есенскиот дел, Тетекс славеше убедливо со резултат 5-0. Тиквеш се наоѓа на 7 место на табелата. Натпреварот ќе се игра во сабота и го има својот старт од 10 часот.

Пионерите на Тетекс се исто така фаворити со врсниците од Тиквеш и се очекува да стигнат до третиот пролетен триумф. Убедливи бевме на домашен терен против следниот противник, кога високо триумфиравме убедливо со резултат од 4-0. Во оваа возрасна генерација, Тиквеш се наоѓа на 6-тото место на табелата. Дуелот на пионерите е закажан исто така во сабота со почеток од 12 часот.

Младинците ќе се обидат да стигнат до првиот триумф во пролетниот дел, откако на првите два меча одиграа со нерешен резултат, првин со Металург 1-1 и потоа со Њу Старс 0-0. Во оваа генерација, Тиквеш се наоѓа на предпоследното место на табелата. Избраниците на Тони Јакимовски – Кифла беа убедливи на првиот нивни меѓусебен меч во есенскиот дел, кога славеа со резултат 0-4. Дуелот на младинците на Тетекс и Тиквеш ќе се игра во недела од 12 часот.