Извештај

Тетекс ја надигра Струга

Денеска на Игралиштето на АМС нашиот Тетекс и официјално го започна пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига – Запад. Тетекс со победа го отвора пролетниот дел и во Тетово остануваат битни три бода во борбата за искачување што е можно погоре на табелата какви и што се амбициите на клубот за овој пролетен дел. Денеска присутните можеја да проследат еден жесток и тврд меч без многу шанси за гол, со жестоки стартови и желба за поголем посед на топката. Првата посериозна шанса за гол дојде по половина час игра по една катастрофална грешка на голманот на Тетекс Рамани но сепак за наша среќа фудбалерите на Струга не успеаја да ја искористат оваа 100% шанса за погодок. Потоа пет минути подоцна во 35 минута Тетекс го отвори резултатот после еден прекин каде што Јанакиевски испрати одлична топка во срцето на шеснаесетникот каде најдобро се знајде курпулентниот Сулај постигнувајќи прекрасен гол со глава кој е воедно и негов дебитански погодок во неговиот прв официјален натпревар, Тетекс на полувреме замина со минимална предност од еден гол. Но веќе на стартот на вториот дел фудбалерите на Тетекс имаа две прилики за гол прво преку Савевски потоа преку Мики Јованоски кој завршија без реализација.
Тетекс вториот гол го постигна после нешто повеќе од еден час игра по еден одличен продор на Јанакиевски кој што испрати одлична топка до Јонузи кој што го постигна вториот погодок на натпреварот негов првенец во официјалните натпревари за поставување на конечните 2-0. Следниот натпревар се игра во Сабота, а Тетекс гостува во Карпош каде за противкик не чека екипата на Локомотива.

1
Рамани
11
Дервиши
5
Савевски
8
Билбилоски
6
Николовски
14
Јанакиевски
9
Јонузи
23
М. Јованоски
18
Азири
17
Ш. Реџепи
24
Сулај
Во игра влегоја: Салији, Ф. Реџепи и Брњарчевски.