Почнува пролетниот дел, утре со ФК Струга

Пред нас е почетокот на пролетниот дел од Втората Македонска Фудбалска Лига. Можеби и најинтересната сезона во историјата на втората лига, со воведување на две региони Исток и Запад. Оваа година многу повозбудлива и понеизвесна е Втората од Првата лига. Првата лига речиси се е познато, но во Втората лига повеќе од 3-4 екипи од вкупно 10 се со амбиции и реални шанси да влезат во Првата лига. Моментално сме 8-ми на табелата со 16 бода. Како што веќе рековме ова ќе биде можеби најинтересната и најнеизвесната сезона. Секој натпревар и секој бод ќе бидат важни за нашиот Тетекс во борбата за опстанок.
Тетекс има доста засилувања во овој зимски преоден рок, и со задоволство можеме да ви ги преставиме новите засилување кој се надеваме дека ќе ги бранат боите и гордоста на клубот како и останатите фудбалери најдобро што можат.

Дојдоа:
Брилант Сулај, Петар Митев, Ферат Рамани, Хузри Џемаили, Аљбион Ибраими, Ваљмир Јонузи, Бесар Акики и Милан Чичевски.

Сулај има позиција на центарфор, тој потекнува од косовско Гњилане, има настапувано во неколку македонски тимови како Ренова, Шкендија, Кораб, Велазерими и КФГ Гостивар, а од интернацонално искуство има настапувано за албанскиот тим Елбасан.
На голманската позиција ќе застанат Митев кој ни доаѓа од Локомотива, и Рамани од редовите на КФГ Гостивар кој можеме да кажеме дека потекнува од нашата фудбалска академија.
Одбраната ни се засилува со фудбалерот на Ренова, Џемаили кој игра како централен бек.
Повратник во нашиот клуб е Ибраими кој доаѓа од Зајази и игра во средниот ред.
Јонузи го зазема местото офанзивен играч за врска, тој ни доаѓа од Македонија Ѓорче Петров, бивши репрезентативец на младинските категории на Македонија до 19 години, во својата кариера има настапувано и за прволигашот Силекс од Кратово и Дрита.
Потоа следен на листата е Акики, кој ни доаѓа од тимот на Дрита од Боговиње, и последното засилување е Чичевски кој ни доаѓа од екипата на Борец од Велес, и игра на местото заден везен, а некогаш и по потреба како централен бек.

Тетекс нема да може да смета на неколку играчи што оваа есен го носеја дресот на Тетекс и официјално се заминати од клубот, а тоа се чуварот на мрежата Саљадин Мустафи кој потпиша за Шкендија и позајмениот напаѓач Марио Станковски во Работнички, третиот е Даниел Јовановски – Шиш кој ги закачи копачките и се пензионира од фудбалот, на истите воедно им се заблагодаруваме и им посакуваме се најдобро во понатамошната фудбалска кариера.

Утре нашиот омилен фудбалски клуб Тетекс од 14 часот на фудбалското игралиште на спортскиот центар во Тетово го започнува дуелот од 15-тото коло против екипата на ФК Струга.
Слободно може да се каже дека ова ќе биде дерби на колото, кое што сигурно ќе биде неизвесно. Со сите сили кој ќе бидат на располагање на шефот Мирослав Јаковљевиќ – Штела ќе одиме на трите бода и уште на стартот да бидат потврдени амбициите и единствената цел, избор опстанок во лигата.