Лошото време си го стори своето – официјално одложен стартот на пролетниот дел од ВМФЛ

Снегот кој ја зафати Македонија направи голем проблем во фудбалот, а имуни не останаа и второлигашите, кои ќе почекаат на стартот од вториот дел во Втората македонска фудбалска лига – Запад и Исток.

Комсијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија – Васко Дојчиновски донесе одлука стартот на второлигашката конкуренција да се одложи поради временски неприлики. Натпреварите од 15-тото коло се пренасочени и истите ќе се играат во вторник (6 март).
Нашиот Тетекс на домашен терен ја пречекува екипата на ФК Струга.