Извештај

(Фотогалерија) Трофејот „Вуко Каров“’ во рацете на Еуромилк

Вчера во Кавадарци се оддржа 19-тиот по ред турнир во чест на ,,Вуко Каров”. Нашиот Тетекс оваа година за прв пат зеде учество заедно со домаќинот ГФК Тиквеш и скопски Еуромилк. Натпреварите беа ревијални и се одвиваа во време траење од 45 минути. Турнирот го отвори домаќинот Тиквеш кој одигра против Тетекс а резултатски поуспешен беше Тиквеш кој го доби натпреварот во самиот финиш со 3-1 a единствен стрелец за Тетекс беше новото засилување Валмир Јонузи. Вториот натпревар го одиграа екипите на Тетекс и Еуромилк кој заврши нерешено без голови односно 0-0.
Победникот на 19-тото издание на турнирот ,,Вуко Каров” е Еуромилк од Горно Лисиче, кој го победи домаќинот Тиквеш во финалниот натпревар за да го добие трофејот.
Наградата за најдобар голман на турнирот е прогласен Мирза Дураковиќ од Еуромилк, а за играч на турнирот Ѓорѓи Мојсов од Тиквеш.