Тетекс учесник на меморијалниот турнир во чест на ,,Вуко Каров“

Утре во Кавадарци ќе се оддржи 19-тото издание на меморијалниот турнир во чест на ,,Вуко Каров”. Оваа година учество зеде нашиот Тетекс кој заедно со домаќинот Тиквеш и скопски Еуромилк оваа година ќе се борат за освојување на турнирот. Клубовите кој што зедоја учество ќе одиграат ревијални натпревари по 45 минути и тимот со највеќе освоени бодови или поени ќе биде прогласен за освојувач на турнирот. Ќе биде избран и најдобриот играч на турнирот.
Ревијалните натпревари започнуваат од 13 часот часот а локалната телевизија РТК ќе врши директен пренос од натпреварите и ќе може да ги проследите на следниов линк: http://rtklive.rtk.mk/