Пријателски натпревар

Тетекс утре се среќава со ФК Беласица

Нашата гордост Тетекс утре на Градскиот стадион во Дојран со почеток во 13 часот ќе ги одмери силите со есенскиот првак од Втората македонска фудбалска лига – Исток, ФК Беласица од Струмица.
Ова е вкупно петти во низата контролни натпревари на нашиот Тетекс, иако резултатски гледано пријателските натпревари не ни одат баш во прилог сепак сеуште е рано и Тетекс е во фаза на воигрување на тимот и на темпирање на формата но и вистински испит за Шефот на стручниот штаб Мирослав Јаковљевиќ – Штела со кој тим ќе настапи во пролетниот дел од првенството кое следува и стартува на 03.03.2018, каде на домашен терен ќе ја пречекаме екипата на ФК Струга Трим Лум.