Од денеска во Негорски бањи, утре меч со Беласица

Текстилците денеска заминуваат на мини припреми во Негорски бањи каде ќе останат до недела. Таму ќе можат подобро да ја реализираат тренинг програмата на тренерот Мирослав Јаковљевиќ – Штела, со оглед дека во Тетово условите не се на ниво. За утре е закажан пријателски натпревар со струмичка Беласица од 13 часот на градскиот стадион во Дојран. Потоа, во недела тимот продолжува во Кавадарци каде ќе учествува на меморијалниот турнир ,,Вуко Каров”.