Меморијален турнир во чест на ,,Вуко Каров”

Во недела на 25-ти фебруари 2018 ќе се одржи 19-то издание на традиционалниот спомен турнир во Кавадарци, популарниот ,,Вуко Каров”. Свеченото отварање на турнирот е закажано во 12 часот и 30 минути. Предвидено е обраќање да имаат претседателот на Тиквеш – Миле Масларков и градоначалникот на град Кавадарци Митко Јанчев.
Три екипи ќе учествуваат оваа година. Покрај домаќинот ГФК Тиквеш, уште две тимови од лигата ќе се борат за трофејот, а тоа се нашата гордост Тетекс и Еуромилк од Горно Лисиче. Турнирот ќе се одржи на едно место, на градскиот стадион во Кавадарци. Турнирот се игра во чест на играчот Вуко Каров, роден во Кавадарци. Тој го предводеше нападот на Тиквеш за време на златните години на клубот во 1950-тите во поранешна Југославија. Информација за сите љубители и подржувачи на Тетекс кој нема да имаат можност да дојдат на овој настан, регионалната Телевизија РТК од Кавадарци ќе врши директен пренос од меморијалниот турнир.

Турнирот ќе се игра со помош на италијанскиот систем. Клубовите кои учествуваат ќе се соочат еден со друг во 45 минути по натпревар. Три поени ќе бидат доделени за победа, еден за нерешено. Тимот со најмногу поени ќе биде прогласен за добитник на 2018 година ,,Вуко Каров”. Ќе биде избран и најдобриот играч на турнирот.

Официјална програма

  • 11:00 – делегација ќе ја посети гробот на Вуко Каров
  • 11:45 – 12:30 коктел во ФК Тиквеш
  • 12:30 официјално отворање на турнирот со говори на претседателот на клубот домаќин и градоначалникот на Кавадарци
  • 13:00 игра 1: Тиквеш против Тетекс
  • 13:45 игра 2: Тетекс против Еуромилк
  • 14:35 игра 3: Еуромилк против Тиквеш