ФК Тетекс се сели на дојранското крајбрежје, во петок со Беласица

Поради лошите временски услови, раководството на Тетекс со екипата во четврток одлучи да замине во Дојран на мини припреми, каде за петок има договорен пријателски натпревар со ФК Беласица од Струмица. Потоа, во недела тимот продолжува во Кавадарци каде ќе учествува на меморијалниот турнир ,,Вуко Каров”.