Тетекс ремизираше против српски Темниќ

Нашата гордост Тетекс денеска на третиот пријателски натпревар на подготовките, одигра нерешено 1-1 со српскиот второлигаш Темниќ во Охрид.
На овој меч повторно шанса добија и младите фудбалери на нашиот тим, кој ја оправдаа довербата особено со играта во второто полувреме кога во 80-тата минута успеаја да го отворат резултатот на 1-0 за Тетекс преку брзногиот Бесар Акики кој постигна дебитански гол за нашиот тим. Радоста на фудбалерите траеше неколку минута бидејќи гостите од Србија израмнија на 1-1 и тоа остана конечниот резултат.
Следниот меч на Тетекс е во Недела од 13 часот против КФГ Гостивар.

Панчевски
Ф. Реџепи
Савевски
Билбилоски
Дервиши
Николовски
Азири
Јанакиевски
М. Јованоски
Ш. Реџепи
Сулај