Најава

Натпреварот помеѓу Тетекс и Темниќ одложен за утре

Меѓународниот пријателски натпревар Тетекс и српскиот второлигаш Темниќ од Варварин кој требаше да се игра денеска е одложен за утре, поради лошите услови на теренот на ,,Билјанини извори” во Охрид. Информациите велат дека натпреварот е преместен за утре во 14 часот.
Стручниот штаб предводен од Мирослав Јаковљевиќ – Штела и на овој натпревар ќе им даде можност за настап на поголем број фудбалери, со цел да ја провери и да ја темпира нивната форма за пролетниот дел од сезоната.