Тетекс пред крајот од преодниот рок се засили со осум нови фудбалери

Нашата гордост Тетекс се засили официјално со вкупно осум фудбалери пред завршувањето на зимскиот преоден рок пред стартот за пролетниот дел од сезоната, кој треба да помогнат ,,текстилците” да го зачуваат второлигашкиот статус во ВМФЛ – Запад.

Со задоволство можеме да ви ги преставиме новите засилување кој се надеваме дека ќе ги бранат боите и гордоста на клубот како и останатите фудбалери најдобро што можат.
Од денеска нови фудбалери на Тетекс се Брилант Сулај, Петар Митев, Ферат Рамани, Хузри Џемаили, Аљбион Ибраими, Ваљмир Јонузи, Бесар Акики и Милан Чичевски.

Сулај има позиција на центарфор, тој потекнува од косовско Гњилане, има настапувано во неколку македонски тимови како Ренова, Шкендија, Кораб, Велазерими и КФГ Гостивар, а од интернацонално искуство има настапувано за албанскиот тим Елбасан.

На голманската позиција ќе застанат Митев кој ни доаѓа од Локомотива, и Рамани од редовите на КФГ Гостивар кој можеме да кажеме дека потекнува од нашата фудбалска академија.

Одбраната ни се засилува со фудбалерот на Ренова, Џемаили кој игра како централен бек.

Повратник во нашиот клуб е Ибраими кој доаѓа од Зајази и игра во средниот ред.

Јонузи го зазема местото офанзивен играч за врска, тој ни доаѓа од Македонија Ѓорче Петров, бивши репрезентативец на младинските категории на Македонија до 19 години, во својата кариера има настапувано и за прволигашот Силекс од Кратово и Дрита.

Потоа следен на листата е Акики, кој ни доаѓа од тимот на Дрита од Боговиње, и последното засилување е Чичевски кој ни доаѓа од екипата на Борец од Велес, и игра на местото заден везен, а некогаш и по потреба како централен бек.

Напред Тетекс на новите фудбалери им посакува многу успешни настапи во дресот на ,,Тетовските-бели”.