Тетекс триумфираше над Љуботен (2-0)

Нашата гордост Тетекс денеска на игралиштето на АМС ,,Спортски центар” во Тетово го одигра и вториот пријателски натпревар во овој подготвителен дел пред стартот од вториот дел во првенството.
Тетекс го победи тимот на Љуботен со 2-0. Текстилците стигнаа до водство во 30-тата минута од натпреварот со гол на Мирослав Јованоски. Пет минути подоцна го зголеми Тетекс резултатот на 2-0 преку Иво Јанакиевски кој прецизно стрелаше.
Шефот на стручниот штаб Мирослав Јаковљевиќ – Штела одлучи во 40-тата минута да го повлече речиси целиот прв тим од терен и во игра ги стави децата од младинската школа и неколку кој се на проба кој за пофалба одиграа одлично второ полувреме со неколку добри шанси за гол.
Даниел Трпески и Аган Фетиши беа во одлични прилика да се запишат во листата на стрелци кој за жал не вродија со плод, конечниот резултат остана непроменет и Тетекс ја забележа првата победа во периодот на подготовки за пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ – Запад.
Во комбинација за настап денеска фалеа Панчевски, Најдоски, капитенот Билбилоски, Ф. Реџепи, Николовски и Брњарчевски.

Рамани
Бафтијари
Савевски
Здравкоски
Дервиши
Јанакиевски
Салији
М. Јованоски
Азири
Ш. Реџепи
Јовановски

Во игра влегоја Петар Митев (голман), Аљбион Ибраими, Никола Петровски, Александар Трпевски, Даниел Трпески, Филип Аризанкоски, Марио Мицевски, Аган Фетиши, Бесар Акики, Хузри Џемаили и Брилант Сулај.

Во среда следи нов пријателски натпревар, овој пат за противник ќе ја пречекаме екипата на Генч Калемлер.