Вечно дерби – борба за престиж

Утре со почеток во 14 часот на игралиштето на АМС ,,Спортски центар” во Тетово, Тетекс ќе одигра пријателски натпревар со тимот на ФК Љуботен. Тетекс во овој подготвителен
дел пред почеток на пролетниот дел од сезоната има одиграно само еден меч и тоа во петокот против Македонија Ѓорче Петров кој го загубивме со 4-1 во Охрид.
Шефот на стручниот штаб на Тетекс Мирослав Јавовљевиќ – Штела поради повреда нема да може да располага
со следниве фудбалери Дино Најдоски, Блашко Николовски, Тони Брњарчевски и Фатон Реџепи.

Ги покануваме сите љубители на фудбалот во Тетово и тетовско да присуствуваат на Градското дерби.
Како и секогаш тимот на Напред Тетекс во живо ќе го проследи натпреварот за вас, по завршување ќе имате можност да го прочитате извештајот на нашиот веб сајт.