Денеска фудбалерите на Тетекс доживеа висок пораз од Македонија Ѓорче Петров со 4-1 на првиот пријателски натпревар кој се одигра на СРЦ ,,Атина Бојаџи” во Охрид. Мартин Христов за Македонија Ѓ.П прв се запиша во листата на стрелци во 17-тата минута.
Тетекс го израмни резултатот на 1-1 во 28-та минута, кога Дервиши со една соло акција постигна необранлив гол.
Судијата во 37-та досуди пенал за екипата на Ѓорче Петров, првиот обид на Тантуровски му го одбрани одличниот голман на Тетекс – Панчевски, но одбиената топка се врати до изведувачот кој во вториот обид успеа да ја смести топката во нашата мрежа за водство од 2-1, со тој резултат фудбалерите заминаа на пауза.
Мини водството на Македонија Ѓ.П траеше до 84-тата, кога резултатот го зголеми Симеон Христов за 3-1, потоа минут подоцна за конечни 4-1 стрелаше Кристијан Костовски.
Шефот на стручниот штаб Мирослав Јаковљевиќ – Штела го смени во вториот дел речиси целиот состав, ставајќи неколку фудбалери кој се на проба и дел од школата на Тетекс.

 
Панчевски
Бафтијари
Савевски
Билбилоски
Дервиши
Салији
М. Јованоски
Азири
Јанакиевски
Ш. Реџепи
Ф. Јовановски

Тетекс продолжува со контролните натпревари и веќе за два дена на игралиштето на АМС ,,Спортски центар” во Тетово ќе се одигра вториот тест натпревар овој пат против Љуботен.

сподели ја статијата!

февруари 9, 2018